На 12-ти март 2018 година, наставничките Даниела Стефановска и Хатиџе Мемети ја реализираа активноста „Букет од цвеќе“ во рамки на Еко- секцијата. Цели на активноста беа:
– Поттикнување на учениците за самостојно следење на промените во природата,како и нивно сликовно бележење;
– Поттикнување позитивно расположение во групата;
– Сензилибизирање на учениците за повеќе можни облици на искористување на отпадни материјали во домаќинството;
– Јакнење на интеракција меѓу децата и чувството на припадност во групата;
– Поттикнување меморија;
– Усвојување на зборови на немајчински јазик;
– Јакнење на соработката и меѓусебното разбирање.
