На 15-ти декември 2017 година тандемот составен од наставничките Ленче Ангелкоска и Африме Дурмиши ги реализираа воведните воннаставни активности според Нансен моделот за интеркултурно образование со учениците вклучени во проектот. Целта на активноста беше меѓусебно запознавање на учениците и создавање позитивна работна клима во училницата. Во текот на часот беа реализирани разни активности и игри спроведени од страна на наставничките користејќи тандемска соработка и двојазичен пристап.
