На 20-ти декември 2017 година тандемот составен од наставничките Зејнепе Бајрами и Мерлин Стојановска ги реализираа првите воведни воннаставни активности според Нансен моделот за интеркултурно образование со учениците од петто и шесто одделение вклучени во проектот. Целта на активноста беше меѓусебно запознавање на учениците и создавање позитивна работна клима во училницата. Во текот на часот беа реализирани разни активности и игри спроведени од страна на професорите користејќи тандемска соработка и двојазичен пристап.
