На 28 септември и 5 октомври, 2017 година, наставничките Тодорка Крајческа и Сехиде Незири реализираа реализираа воведни воннаставни активности според Нансен моделот за интеркултурно образование со учениците вклучени во проектот. Целта на активноста беше меѓусебно запознавање на учениците и создавање позитивна работна клима во училницата. Во текот на часот беа реализирани разни активности и игри спроведени користејќи тандемска соработка и двојазичен пристап.