Дел од тимот на Нансен дијалог центар Скопје учествува во експертската група оформена од страна на Министерството за образование и наука на Република Македонија која има за цел да направи ревизија на постоечките наставни планови и програми и да креира нови наставни планови и програми за основно образование.
Со учеството на НДЦ Скопје во креирањето на новите наставни планови и програми, ќе се придонесе кон унапредување на нивниот квалитет од аспект на мултикултурноста и интеркултурноста, а со тоа ќе се придонесе кон градење на интеркултурен воспитно- образовен амбиент во Република Македонија.
МОН ја најави веб- страницата www.roo.mk која содржи информации за реформите во образованието, како алатка за активно вклучување на заинтересираните субјекти во креирањето на новите наставни планови и програми во основното образование.