На 7 декември 2017 година, група составена од директори и заменици-директорите (Албанци и Срби) од основни и средни училишта од Косово, како и претставници на ОБСЕ, посетија едно од најуспешните училишта кои работат според Нансен моделот за интеркултурно образование , општинското основно училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар. Посетата на училиштето беше организирана од раководството на училиштето, наставниците и учениците вклучени во Нансен интеркултурните активности. Гостите имаа можност да присуствуваат на интеркултурните воннаставни активности кои се спроведуваат двојазично, на македонски и на албански јазик, со цел поблиску да се запознаат со наставната методологија применета во етнички мешани групи на ученици. По посетата на училиштето, делегацијата ги посети просториите на НДЦ Скопје и Тренинг центарот, каде што беа одблиску запознаени со работата во Нансен училиштата и со проектните активности, како и со работата на Тренинг центарот за интеркултурно образование.