Наставничките Александра Огњаноска и Муневер Елмази заедно со учениците од 5-то одделение вклучени во Нансен моделот за интеркултурно образование ги прославија родендените на учениците од двете паралелки. Интеркултурните активности во рамки на програмската секција Креативнот изразување и творење беа организирани во духот на роденденските прослави.