На 3 ноември 2017 година наставничките Тијана Бајрактарска и Хурмет Ала заедно со учениците од III одд. одржаа интегриран наставен час од секцијата „Запознај ја Македонија“ преку двојазичен пристап, меѓусебна соработка и тандемско реализирање на проектни задачи од страна на учениците.
Цели на активноста беа: поттикнување на соработнички односи во групата со етнички хетерогена структура; запознавање на учениците со песни на повеќе етникуми во Р. Македонија.