Во текот на месец октомври и ноември 2017 година, според програмскиот дел “Мир и толеранција”, наставничките Захарица Рујаноска, Маја Митева Петроска и Тодорка Нане ги организираа проектните активности според Нансен моделот за интеркултурно образование. Активностите беа дел од месечната тема “Албанија”, за време на која учениците научија повеќе за обичаите и народните танци во Албанија. Учениците уживаа во подготовка на информативни постери со содржината на дневните теми и исто така танцуваа на албански и влашки народни танци.