На 22 декември 2017 година, наставниците Спасиче Николовска и Исниша Салиоски ја реализираа дневната тема “Бунар” во рамки на секцијата Мали конструктори како дел од проектните активности кои се реализираат во подрачното училиште ОУ „Никола Карев“ во с. Борино. Во текот на активноста учениците изработија бунари од хартија и ги декорираа по нивна желба. Една од целите на активноста е поттикнување творечкиот и креативниот потенцијал кај учениците.