Во текот на месец октомври 2017 година, тандемот наставници составен од Радица Ацевска и Мирсада Идризи, ги реализираа интеркултурните активности во рамки на Нансен годишната програма за секцијата Мир и толеранција (I). Дневната тема на активноста беше “Мојата татковина”, каде што учениците имаа можност да уживаат во интересните содржини и заедничките активности.