На 15 ноември 2017 година, наставничкиот тандем составен од наставниците Алпина Фејзули-Бешири и Милица Апостолоска спроведе воннаставна интеркултурна активност според Нансен програмската секција Запознај ја Македонија. Темата на активноста беше “Традиционални македонски и албански танци”. Целите на активноста беа: поттикнување на соработнички односи во хетерогената етничка група; зачувување на љубовта за татковината и почитување на културните разлики во Р.М .; презентација на традиционални песни од повеќе етнички заедници во Р.М .; развој на чувството за ритам за време на танцот и народниот танц за деца како и негување на позитивна емоционална клима во групата преку презентација на детски народни танци.
