На 16. и 30. март 2018 година наставничките Снежана Поп-Стефанија, Теута Бедиу и Даниела Младеновска ги реализираа интегрираните воннаставни активности „Накит“ и „Цвеќарница“.
Цели на активностите беа: поттикнување на позитивно расположение во групата,како и зајакнување на интеракцијата помеѓу децата; воведување на учениците во процесот на изработка на разновиден накит; развивање на ситната мускулатура на раката при ракување со приборот за работа; оспособување за учење низ игра; учење на поими на двата јазици (македоснки и албански) во врска со темата; поттикнување меѓусебна соработка и почитување во текот на работата; поттикнување на трпеливост,прецизност кај учениците при спроведување на активностите и работата; развивање на креативност и инвентивност; да се оспособат учениците за препознавање на естетските компоненти во крајниот производ.