На 21 февруари, 2018 година, наставничките Виолета Паревска и Љуљета  Керими ја реализираа интеркултурната активност „ Куќичка за птици“ како дел од месечната тема „Студи, студи“. Учениците соработуваа и се помагаа едни со други во текот на подготовката на куќичката за птици . Покрај поттикнувањето на учениците за меѓусебна соработка, помагање и дружење, целта на активноста исто така беше да се развива чувството грижа  кон птиците и природата.