На 20 декември 2017 година тандемот составен од наставничките Даниела Младеновска и Теута Бедиу реализираа воведни воннаставни активности според Нансен моделот за интеркултурно образование со учениците од прво одделение вклучени во проектот. Целта на активноста беше меѓусебно запознавање на учениците и создавање позитивна работна клима во училницата. Во текот на часот беа реализирани разни активности и игри спроведени од страна на професорите користејќи тандемска соработка и двојазичен пристап. Учениците активно учествуваа на сите планирани активности и имаа одлична прилика да се запознаат со нивните врсници од другите класови.