На 1 март 2018 година тандемот составен од наставничките Марина Симовска и Елида Алити реализираа воведни воннаставни активности според Нансен моделот за интеркултурно образование со учениците. Целта на активноста беше меѓусебно запознавање на учениците и создавање позитивна работна клима во училницата. Во текот на часот беа реализирани разни активности и игри спроведени од страна на професорите користејќи тандемска соработка и двојазичен пристап. Учениците активно учествуваа на сите планирани активности и имаа одлична прилика да се запознаат со нивните врсници од другите класови.