На 2 март 2018 година, наставничките Фросина Манева и Селвер Абази реализираа воведни воннаставни активности според Нансен моделот за интеркултурно образование со учениците од осмо и деветто одделение вклучени во проектот. Целта на активноста беше меѓусебно запознавање на учениците и создавање позитивна работна клима во училницата. Во текот на часот беа реализирани разни активности и игри спроведени од страна на наставничките користејќи тандемска соработка и двојазичен приод. Учениците активно учествуваа на сите планирани активности и имаа одлична прилика да се запознаат со нивните врсници од другите класови. Во текот на втората активност, учениците присуствуваа и се забавуваа во текот на заедничката роденденска прослава.
