На 9-ти февруари, 2018 година наставниците Спасиче Николовска и Исниша Салиоски ја реализираа проектната активност во рамки на секцијата “Мали конструктори“, како дел од месечната тема “Објекти и градби“. Цели на активноста беа: поттикнување на соработнички односи во групата; поддржување на конструктивната комуникација и соработка меѓу учениците и наставниците од две етнички групи; поддржување на креативноста и иновативноста кај учениците. Учениците со големо задоволство ги реализираа сите задачи и активности и изработија прекрасни ветерници.
