Во периодот септември- октомври 2017 година, како дел од практичната имплементација на четвртата тематска област на Концепцијата за интеркултурно образование, односно “Амбиентот (Етосот) во образовните институции”, НДЦ Скопје целосно опреми 8 училници при ОУ „Братство” во Скопје. НДЦ Скопје обезбеди дидактички материјали, училиштен мебел и ИТ опрема за сите училници.
Новиот амбиент во училиштето ќе ги мотивира наставниците, учениците и нивните родители да го поддржат и подобрат квалитетот на редовниот наставен процес. Училниците Нансен се препознаваат поради “шареноликата средина”, во суштина, Нансен моделот за интеркултурно образование предвидува учениците да следат настава во соодветни и добро опремени училници и позитивна атмосфера за учење.