Нансен дијалог центар Скопје со задоволство ги објавува извештаите и резултатите од преоценката на реализацијата на интегрираните воннаставни активности според Нансен моделот за интеркултурно образование во основното училиште „Гоце Делчев“ – Гостивар
Истражувањето е спроведено од страна на проф. д-р Вера Стојановска и проф. д-р. Хана Салиу со цел да се направи проценка на квалитетот на реализацијата на воннаставните активности по НМИО од аспект на дефинираните глобални цели. За следење на реализацијата на интегрираните воннаставни активности беа спроведени теренски опсервации во основното училиште “Гоце Делчев” во Гостивар, во текот на периодот октомври- декември 2018 година. Во ова училиште наставата се изведува на албански и на македонски наставен јазик во две смени, претпладне и попладне, при што во една смена се изведува наставата со ученици Албанци, а во друга смена со ученици Македонци.
Во посочениот временски период се опсервирани вкупно 11 часа на интегрирани воннаставни активности (8 во одделенска настава и 3 во предметна настава), реализирани од наставнички тандеми кои изведуваат настава на македонски и на албански јазик.
Во прилог се линковите на кои можете да ги прочитате извештаите кои се достапни на македонски, албански и англиски јазик.
Извештај од истражувањето спроведено од проф. д-р Вера Стојановска
Извештај од истражувањето спроведено од проф. д-р Хана Салиу