На 21 и 27 февруари, 2018 година наставничките Анета Казиовска и Мируше Џафери ја реализираа дневната активност „Бајките на Браќа Грим“ планирана како дел од месечната тема „Низ Европа – Германија“. Цели и задачи на активноста беа: поттикнување на детскиот интерес за откривање и читање бајки од германските автори, оспособување на учениците за употреба на некои културни фрази од германскиот јазик, соработка и почитување меѓу учениците, одржување позитивна емоционална клима,развивање на креативноста, весело и ведро расположение.
