На 9 февруари 2018 година, наставничките Снежана Поп- Стефанија и Теута Бедиу ја реализираа интеркултурната активност на тема “Шишиња, тегли од нашиот подрум”. Активноста беше комбинација од изработка на креативни декорации и споделување на разни креативни идеи како да се употребуваат старите куќни предмети и да се трансформираат во корисни украси. Учениците уживаа во заедничкото работење и ја украсија училницата со нивните изработки.