На 9 и 16 февруари 2018 година наставничките Тијана Бајрактарска и Хурмет Ала ја реализираа активноста на тема “Коледе леде” како дел од програмската секција “Запознај ја Македонија” и во рамки на месечната тема “Празници”. Цели на активноста беа: развивање толерантен и космоолитски поглед и дух кон различностите од јазичен, етнички, верски карактер;збогатување на активниот речник на учениците со повеќе културно- социјални фрази вообичаени за различни пригоди, празници.