Во текот на месец декември 2018 година, учениците кои се дел од воннаставните активности од Нансен моделот за интеркултурно образование имаа можност да учествуваат во предновогодишните активности организирани од страна на НДЦ Скопје. Некои ученици уживаа во одличното шоу на жонглерите и кукларите, додека другите ја изразија својата креативност преку моделирање глина – сите овие активности беа одлична прилика за учениците да се забавуваат заедно и да се дружат.

Изразуваме голема благодарност до нашите наставници и ученици за нивната незапирлива работа и им посакуваме понатамошни заеднички успеси.