На 31 јануари 2018 година, наставничките Захарица Рујаноска и Тодорка Нане ја подготвија и реализираа интеркултурната активност со учениците вклучени во Нансен проектните активности. Активноста беше реализирана како дел од месечната тема “Србија и Бугарија” во рамки на програмската секција “Образование за мир и толеранција”.
Цели на активноста:
- Запознавање на учениците со природните богатства на соседните земји Србија и Бугарија и со зимските рекреативни центри на истите;
- Збогатување на активниот речник со нови поими кои се во врска со активноста;
- Поттикнување и поддржување на позитивна социо-емоционална клима во групата;
- Негување на силни интеракции меѓу учениците.