На 20. и 27. март 2018 година, наставничките Јасмина Ефремоска и Љуљета Азири ги реализираа интегрираните воннаставни активности за време на кои учениците заедно ги прославија родендените.
“Во главниот дел на активноста учениците изработуваа балони од хартија и ги запишуваа имињата на учениците кои слават, а потоа изработуваа и роденденски честитки и ги пишуваа на двата јазици- македонски и албански. Потоа се подготвуваа десерт колачите и на учениците кои слават роденден им се подаруваа подароците. На крајот се пуштаа детски роденденски песни на македонски и албански јазик и децата танцуваа“. Ј. Ефремоска и Љ. Азири