На 15 ноември 2017 година, наставничкиот тандем Муневер Елмази и Александра Огњановска од ООУ „Гоце Делчев“ во Гостивар, реализираа интеркултурни активности според Нансен моделот во склоп на секцијата Креативно изразување и творење. Темите реализирани со учениците беа рециклирање на пластика, хартија, стакло и текстил. Учениците изработија декорации од рециклирани материјали (вазни, кутии за моливи, каси, фломастери).