На 30. мај 2018 година, наставничките Лидија Билбилоска и Дрита Јакупи ги реализираа воннаставните активности во духот прослава на родендени и одбележување на успешната реализација на интеркултурните воннаставни активности за оваа учебна година. Цели и задачи на активностите беа: поттикнување на позитивно расположение во групата како и зајакнување на интеракција меѓу децата; откривање на важноста и значењето на роденденот во животот на секое дете, но и во секое семејство; подржување на децата во применувањето на културно-социјалните фрази на двата јазика при честитањето на роденденот; повторување на усвоените роденденски песни на македонски и албански јазик; збогатување на активниот речник кај децата со нови зборови од двата јазици како: роденден, славеник, торта, подарок, роденденска желба, прослава и сл. На крајот на активноста, на учениците им беа доделени дипломи за успешно учество во НМИО активностите во текот на учебната 2017/18 година.
