На 14. април 2018 година, наставничките Даниела Младеновска и Теута Бедиу ја реализираа активноста „Семејство зајачиња“ планирана како дел од еко-секцијата. Цели на активноста беа: поттикнување позитивно расположение во групата; зајакнување на интеракцијата помеѓу децата и чувството на припадност во групата; поттикнување меморија и усвојување на зборови на не мајчински јазик; развивање на детската фантазија и креативен потенцијал; развивање на ситната мускулатура на раката при изработка на зајачиња од пластични чаши, колаж хартија, лепак.
