На 23 февруари, 2018 година, наставничките Валенитна Босилковска и Линдита Јусуфи ја реализираа интеркултурната активност „Куќичка за птици“ како дел од еко-секцијата која што се реализира со учениците од прво одделение. Учениците соработуваа и се помагаа едни со други во текот на подготовката на куќичката за птици . Покрај поттикнувањето на учениците за меѓусебна соработка, помагање и дружење, целта на активноста исто така беше да се развива чувството грижа кон птиците и природата.
