На 1 декември, 2017 година, наставничките Тијана Бајрактарска и Хурмет Ала реализираа активност во рамки на секцијата Запознај ја Македонија. Дневната активност беше „Традиционални македонски народни танци“. Цели на активноста беа одржување позитивна емоционална клима во групата преку презентирање на детско народно музичко творештво и развивање чувство за ритам при изведување на традиционални народни танци и запознавање со музички инструменти.
Учениците активно учествуваа во активностите со задоволство соработуваа и се дружеа притоа изразувајќи ги своите чувства при слушање на музиката . Покажаа желба и многу лесно ги совладаа чекорите од македонското народно оро.