На 12 декември 2017 наставничките Милица Апостолоска и Алпина Фејзули-Бешири заедно со учениците од трето одделение ја реализираа интеркултурната активност како дел од секцијата „Запознај ја Македонија”. Преку забавни и креативни активности, учениците научија повеќе за традиционалните македонски и албански носии.
