На 27 април 2017 г. учесниците од група 1 кои успешно ја завршија на специјалистичката обука за Нансен модел и приод, присуствуваа на вториот суб-специјалистички модул на обука реализиран од страна на проф. Енвер Абдулахи на тема „Мултикултурна настава“. Суб-специјалистичките модули за обука се фокусирани на континуирана надградба на вештините на наставниците кои успешно ги завршиле специјалистичките обуки како и поддршка на нивниот понатамошен професионален развој.
