На 18 мај 2017 година, учесниците во надградената специјалистичка обука за Нансен модел и приод учествуваа на последната обука предвидена во рамки на оваа програма. Предавањето беше реализирано од проф. д-р. Сузана Миовска- Спасева од Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет на тема „Интеркултурни приоди во образованието“. По предавањето, на учесниците им се обратија советникот на министерот за образование и наука, Сафет Незири и извршниот директор на НДЦ Скопје, Сашо Стојковски кои им честитаа на учесниците за успешно завршената програма и воедно ги доделија и сертификатите. Суб- специјалистичките модули беа фокусирани на континуирана надградба на вештини и професионален развој на наставниците вклучени во програмата.
