На 10 ноември 2017 година наставничките Тијана Бајрактарска и Хурмет Ала заедно со учениците од III одд. одржаа интегриран наставен час од секцијата „Запознај ја Македонија“. Цели на активноста беа: поттикнување на соработнички односи во групата со етнички хетерогена структура; запознавање на учениците со традиционална македонска песна „Јовано, Јованке“.