На 6-ти и 13-ти декември наставничките Радица Ацевска и Мирсада Идризи ја реализираа дневната активност на тема „Германија“ како дел од месечната тема „Низ Европа“ во рамки на програмската секција Мир и толеранција.
Цели и задачи на активноста:
- Запознавање на учениците со германските државни симболи, како и со традиционалната носија и нејзините обележја;
- Оспособување на учениците за правилно користење на неколку културно- социјални фрази од германскиот јазик;
- Потхранување на детскиот интерес за читање и откривање на класични бајки од германски автори;
- Градење на културно- хигиенските навики при консумирање различни видови нови прехранбени продукти.
- Да умеат да изградат заеднички став (консензус ) при различни мислења како и развивање на меѓусебната соработка и почитувањето кон другарчињата.