На 21 и 28 февруари, 2018 наставничките Радица и Ацевска Мирсада Идризи ја реализираа воннаставната активност планирана во рамки на месечната тема „Велика Британија“. Цели и задачи на активноста беа: запознавање на учениците со географската местоположба на В. Британија; откривање на државните симболи, како и поддржување на детскиот интерес за изучување на англискиот јазик; негување и потхранување на интересот за проучување на детските литературни остварувања од автори со англиско потекло; запознавање на учениците со различни видови градби, зданија,историски локалитети и споменици во В. Британија.
