На 12-ти февруари 2018 година наставниците Ферди Булут и Дарко Талески ја реализираа интеркултурната проектна активност како дел од Медиумско- сценската секција. Преку разни забавни и креативни активности и меѓусебна соработка учениците научија повеќе за процесот на дизајнирање костими за разни намени. Цели на активноста беа: запознавање на студентите со основниот концепт на костимографија; костимографијата во филмовите, како и поттикнување на соработка и заемна поддршка.