На 15. мај 2018 година, тимот наставници Дарко Талески, Ферди Булут и Наташа Забрчанец во рамки на Медиумскo-сценската секција која што се спроведува како дел од Нансен проектните активности ја реализираа активноста „Театарска и филмска шминка“. За време на активноста, низ разни креативни, забавни и едукативни активности, учениците се запознаа со поимот шминка во филм и театар, процесот на шминкање во театарот со цел поттикнување на соработка, меѓусебно помагање и изразување на кретивниот потенцијал на учениците. Учениците со големо задоволство ја практикуваа улогата на шминкери, можеби меѓу нив се кријат идните професионалци…
