На 26. април 2018 година, наставничките Маја Митева Петроска, Захарица Илиеска и Тодорка Нане ја реализираа активноста на тема „Швајцарија“. Со помош на креативни и едукативни активности, учениците се запознаа со типичните производи од швајцарско потекло, како и технологијата на нивното настанување со посебен осврт на швајцарското чоколадо.

На 10. мај 2018 година, наставничките ја реализираа воннаставната активност на тема „Холандија“. Цели и задачи на активноста беа:
– Запознавање на учениците со државните и традиционалните холандски обележја;
– Поддржување на детската љубопитност за осознавање на улогата и функцијата на ветерниците во секојдневниот живот;
– Оспособување на учениците за самостојно откривање на посебностите на цветните растенија со холандско потекло.
Преку заедничка работа и соработка во групи учениците изработуваа: постер од традиционална носија во Холандија, изработки од лалиња, слики од традиционална храна во Холандија, како и ветерници од различни материјали.