На 28 март и 11 април 2018 година наставничките Радица Ацевска и Мирсада Идризи ја реализираа активноста на тема „Швајцарија“.

“Во главниот дел на активноста се развива краток разговор за знаменитостите на Швајцарија за да се запознаат учениците за позначјните карактеристики на оваа земја. Потоа следат насоки за активностите посебно за секоја група:
I група- составува карта на Швајцарија(на картата се обележани областите во различна боја поради различниот јазик кој се зборува во секоја од областите). Потоа на учениците им се даваат броеви напишани на 4 јазици (италијански, француски, германски, романски) и имаат задача да ги залепат-распоредат броевите од 1 – 20 според соодветниот јазикот во областа во која се користи тој јазик во Швајцарија;
II  група-изработуваат изработки часовници;
III група- изработуваат постер од традиционалната носија во Швајцарија и составуваат сложувалки со природните убавини на Швајцарија;
IV група-изработуваат постер од разновидни чоколада и чоколадни колачи“.
Р. Ацевска, М. Идризи.