На 27. април, 2018 година, наставничките Даниела Младеновска и Теута Бедиу ја реализираа интеркултурната активност „Јагненце“како дел од еко-секцијата која што се реализира со учениците. Учениците соработуваа и се помагаа едни со други во текот на подготовката на изработките. Покрај поттикнувањето на учениците за меѓусебна соработка, помагање и дружење, целта на активноста исто така беше да се развива чувството грижа кон животните.