На 23. и 30. март 2018 година, наставничките Ленче Анѓелкоска и Африме Дурмиши ја реализираа активноста „Велигденска кошница“ планирана како дел од Уметничката секција. Цели на активноста беа: да се развива чувството на радост и задоволство при учењето низ игра; поттикнување на учениците за меѓусебно соработување и помагање при изработка на Велигденска кошница; вежбање прецизност и трпеливост при сечење, превиткување и лепење на хартија – обликување на кошница.