Како дел од уметничката секција, на 5. април 2018 година наставничките Валентина Петрушевска-Благоевска и Илбере Арифи организираа Велигденска работилница. Цели на активноста беа:

  • поттикнување на меѓусебна успешна групна и тандемска соработка,
  • поддржување на позитивна социо-емоционална клима во групата,
  • оспособување на учениците за конструктивно меѓусебно договарање,
  • охрабрување на учениците за невербално комуницирање во двојазично опкружување,
  • зајакнување на самодовербата кај учениците,
  • поттикнување на детската оригиналност, креативност,
  • развивање на одговорен и активен однос кон групните задачи итн.
  • Стекнување на знаења, вештини и способности за планирање, организирање, реализирање и вреднување на воннаставните воспитно – образовни активности.
  • Социјализација на учениците од различни етникуми, мегусебна толеранција, негување на чувство за припадност едни покрај други;
  • Учениците да се запознаат со празникот Велигден;
  • Да ги вежбаат моторичките вештини преку декорирање на велигденски јајца.

“Учениците треба да обојат варени јајца и да ги украсат по нивна желба. Самостојно работат, украсуваат со веќе подготвени украси. На крајот на часот ги разгледуваме украсените јајца и избираме најинтересно велигденско јајце.“ тандемот наставнички