На 22 февруари и 2 март 2018 година тандемот составен од наставничките Габриела Мерџаноска и Нагихан Снопче ги реализираа првите воведни воннаставни активности според Нансен моделот за интеркултурно образование со учениците од 1 одделение вклучени во проектот. Целта на активноста беше меѓусебно запознавање на учениците и создавање позитивна работна клима во училницата. Во текот на часот беа реализирани разни активности и игри спроведени од страна на професорите користејќи тандемска соработка и двојазичен пристап.