На 7. и 28. март 2018 во рамки на месечната тема „Денови на екологија“, наставничките Марина Симовска и Елида Алити ги спроведоа воннаставните актиности „Сонце – Дожд“ и „Дојде пролетта“.

Цели на активностите беа:

  • Учениците да се оспособат за изработка насонце од  хартија;
  • Изработка на облаци од хартија;
  • Изработка на плакат за пролет со помош на пластелин;
  • Изработка на дрво – пролет сo копчиња;
  • Изработка на пеперутка со капачиња;
  • Изработка на цветови од хартија во бои;
  • Да се развива меѓусебна соработка и почитување кон другарчињата во групата;
  • Поддржување на позитивна социо-емоционална клима во групата,
  • Развивање на одговорен и активен однос кон групните задачи итн.