На 1 ноември, 2017 година наставничките Радица Ацевска и Мирсада Идризи ја реализираа интеркултурната активност на тема “Грција” во рамки на Нансен програмата за Мир и толеранција. Целите на активноста беа: продлабочување на претходното знаење на учениците за традициите, обичаите и јазикот на јужниот сосед на Македонија, Р. Грција; промовирање и негување на позитивна, социо-емоционална клима во хетерогена етничка група; развивање на чувство на радост и задоволство при реализацијата на активностите и игрите.