На 15 јануари, 2014 г. Нансен дијалог центар Скопје преку „Програмата за градење капацитети“ при Министерството за образование и наука на Р. Македонија финансиски поддржана од МНР на Кралството Норвешка објави отворен повик за доделување на 20 стипендии за наставници, професори и стручни соработници од основното и средното образование.

Наставниците изразија голем интерес по однос на програмата за обука при тренинг-центарот, и во текот на последниот отворен конкурс НДЦ Скопје прими значително голем број пријави за обуките.

Беа доделени 20 стипендии за учество на основното ниво на обука при тренинг- центарот Нансен.

На 1 февруари 2014 г. НДЦ Скопје го објави списокот на избрани кандидати- добитници на целосни стипендии за учество во основното ниво на обука за Нансен, моделот за интегрирано образование. Учесниците започнаа со основното ниво на обука на 14 февруари, 2014 г.