На 4. април 2018 година, наставничките Тодорка Крајческа и Сеиде Незири организираа креативна работилница со родителите на учениците вклучени во проектот. Родителите работеа заедно со учениците и наставничките и го изразија нивниот креативен потенцијал. Креативната работилница се реализираше во рамки на програмата за соработка со родители.
Со цел промовирање на нивната улога и активно учество во обликувањето на училишните активности, секоја година се подготвува Програма за соработка со родители, којашто предвидува различни форми на активности со цел да се постигне конструктивна соработка на релација: родители – училиште – стручен тим – раководство на училиштето, но и отворена и флексибилна комуникација во текот на целата учебна година.

Главни цели на програмата се:

  • Унапредување на соработката и довербата на родителите кон училиштето и наставничкиот тим;
  • Промовирање на активната улога на родителите во осмислувањето, изведувањето и евалуацијата како на наставните, така и на воннаставните активности;
  • Зајакнување на соработничките односи помеѓу родителите со различно етничко, верско, културно потекло;
  • Продлабочување на животните вештини кај родителите како и формирање на навики за континуирано самообразование;
  • Поттикнување на самодовербата кај родителите како и на позитивниот однос кон другите членови на групата.