Во рамки на еко-секцијата од годишната програма за интеркултурни воннаставни активности, на 16 февруари, 2018 година наставничките Даниела Младеновска и Теута Бедиу ја реализираа активноста „ Пластични шишиња, теглички од нашиот подрум“. Цели на активноста беа:
-Поттикнување и развој на детската фантазија;
-Меѓусебна соработка, комуникација и дружење;
-Учење на нови зборови, каде што учениците ги именуваат материјалите од кои се направени шишињата и теглите.